Со нов државен рекорд македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ја заврши денешната полумаратонска трка на Европското првенство во Рим. Тој полумаратонската трка ја истрча за 1 час 4 минути и 1 секунда и за 44 секунди го подобри сопствениот и македонски рекорд поставен на 3 септември 2023 година во Битола.
Дарио Ивановски со ова време го освои 29.то место во конкуренција на 64 натпреварувачи.
Македонскиот атлетичар имаше 2минути и 58 секунди послабо време од победникот на полумаратонот Јеманберхан Крипа од Италија, кој имаше резултат 1:01.03 со рекорд на првенствата, среброто му припадна на Пиетро Рива од Италија, кој заостана една секунда за шампионот, а бронзен медал освои Аманал Петрос од Германија.
Дарио Ивановски го очекува и настап на Олимписките игри во Париз ова лето.
На шампионатот во Рим во петокот настап во скок во далечина имаше Андреас Трајковски.