Во „Ланксес арената“ во Келн, Германија, се игра завршниот „фајнал-фор“ турнир во ракометната машка Лига на шампиони.

Иако Германците имаа два претставници во полуфиналето, сепак, нема да имаат можност да се радуваат на трофеј како лани.

Ланскиот освојувач на пехарот Магдебург и екипата на Кил ќе играат во дуелот за третото место. Двата тима претрпеа порази во полуфиналните дуели со данскиот Алборг и шпанската Барселона

Така Европа сигурно ќе добие нов клупски шампион. Данскиот Алборг ќе го игра своето второ финале во кое ќе се обиде да стигне до првиот шампионски трофеј.

Затоа пак Барселона 17-ти пат е во финалето во кое атакува на 12-тата титула.

Финалниот меч кој почнува од 18 часот, ќе има и македонски „шмек“. Имено најдобрите македонски арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат дуелот меѓи Барселона и Алборг.