Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска патува Чешка каде во понеделник ќе одигра контролен натпревар.

За македонската репрезентација овој дуел е во рамките од подготовките за пристојниот циклус во Лигата на нациите што ќе почне во септември.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, ќе треба да го поправат впечатокот од претходната контрола против Хрватска од која беа поразени со 3-0.

За Чесите тоа ќе биде последна контрола пред нивниот настап на Европскиот шампионат во Германија. Чешката селекција ќе игра во „Ф“ групата против Португалија, Турција и дебитантот Грузија.

Ова ќе биде четврти натпревар меѓу овие репрезентации. Во квалификациите за СП 2006 загубивме во двете пресметки, а одигравме 1:1 на пријателскиот меч во 2001 година.

Натпреварот меѓу Чешка и Македонија ќе се игра во понеделник во Храдец Кралове со почеток од 18 часот.