Фудбалската репрезентација на Англија со победа над Босна и Херцеговина 3:0 ги почна подготвителните натпревари за ЕП во Германија.

Актуелниот европски вице-првак, Англија на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл, го скрши отпорот на Босанците во второто полувреме.

Палмер од пенал (60.минута), Трент Александер-Арнолд (85) и Јари Кејн (89) беа стрелци на головите.

Пред стартот на шампионатот на кој Англија ќе игра одигра контролен меч со Исланд на 7 јуни . На Европското првенство „Гордиот Албион“ е во Б групата со Србија, Словенија и Данска.

Домаќинот на првенството Германија вечерва во Нинберг одигра без голови 0-0 во дуелот со Украина. Во петок Германците ќе спарингуваат со Грција, а на 14 јуни со дуелот против Шкотска ќе играат на отворањето на ЕУРО.