Сезоната во ракометното првенство ќе заврши со денешните четири натпревари од 14.коло (по два во Супер лигата плејофот и плејаутот).

Од причина што низ директните дуели се решава исходот за конечниот изглед на двете табели, натпреварите се играат во ист термин.

Во Супер лигата плејоф, првакот Еурофарм Пелистер е пред промоција и освојување на уште една титула. Но, за потврда на првата позиција потребно е да не загуби од Алкалоид на домашен терен.

„Кикс“ на битолчани ќе чекаат ракометарите на Вардар, кои се апсолутни фаворити во дуелот со Бутел, екипа која нема шанса да го смени местото на табелата и се наоѓа на шестата позиција.

Во Битола ќе биде многу поинтересно, од причина што „пелистерци“ ќе сакаат победа над Алкалоид и со тоа да им се одмаздат за поразот на пенали во Купот на Македонија и што ги спречија да стигнат до двојната круна. Еурофарм Пелистер има два бода повеќе (38) од Вардар (36), додека Алкалоид е трет со 30. Почетокот на двата дуела е во 18 часот.

Во Супер лигата плејаут во Прилеп во директен дуел Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 ќе решаваат која екипа ќе обезбеди директен пласман во Супер лигата следната сезона. Куманово пак сам решава за својата судбина на гостински терен во Автокоманда кај тимот на Мулти Есенс.

На еден натпревар до крајот прилепчани и битолчани имаат по 33 бодови, а кумановчани 32. Куманово со победа ќе обезбеди пласман на едно од првите две места што носат директен пласман во Супер лигата следната сезона, но доколку не победат тогаш на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 ќе им одговара нерешен резултат за освојување на првите две места на табелата.

Третопласираниот тим од Супер лигата плејаут, ќе има уште една шанса за настап во Супер лигата следната сезона и преку бараж со второпласираниот од Првата лига екипата на Радовиш. Почетокот на двата натпревара е во 16 часот.

Решавачките натпревари за шампионскиот трофеј во Битола и Скопје, ќе може да ги следите ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линки)

ГЛЕДАЈ О ЖИВО