Шарл Леклер победи на денешната трката што се возеше во неговиот роден град Монте Карло за ГН на Монако.
Тој ја имаше пол позицијата и со сигурно возење го задржа првото место до крајот на трката каде се возеа 78 круга. Втор заврши Пиастри од Мекларен, а трет беше Саинц од Ферари за големо славје во таборот на Скудерија.
Трката започна со голем инцидент уште во првиот круг каде настрадаа дури четири болиди меѓу кои и на Перез од Ред Бул.
По половина час трката продолжи и без поголеми инциденти и промени во поредокот заврши во победа на Леклер негова прва оваа сезона. Победа на свој терен и на домашно тло беше сон за Леклер и конечно тоа му се оствари.
Во бодови завршија и Норис, Расел, Верстапен, Хамилтон, Цунода, Албон и Гасли.
Верстапен е лидер во поредокот кај возачите со 169 бода, Леклер е втор со 138, а трет Норис со 113 бода. Кај конструкторите Ред Бул е лидер со 276 бода, Ферари се доближи со 252, а Мекларен е трет со 184 бода.
Следната трка се вози за две недели на 9 јуни кога на програмата е Канадското Град-при на патеката Жил Вилнев.