Во последното коло од женската Супер лига екипата на Вардар го пречека тимот на Ѓорче. Вардарки сторија се даде да му го нанесат првиот и единствен пораз на шампионот, но Ѓорче Петров триумфираше со 33:29.
Ѓорче на почетокот успеа да поведе со 2:0. Но, вардарки не дозволија тие да ја зголемат предноста и во 5-тата минута успеаја да израмнат на 4:4. Двете екипи го дадоа својот максимално и се играше израмнето. Ѓорче во неколку наврати успеа да создаде минимална предност но, Вардар веднаш израмнуваше. Така на полувреме екипите заминаа со 16:16.
Во првите десет минути од второто полувреме повторно се играше израмнето. Ѓорче во 42-та минута со серија 4-0 успеа да поведе со +4 (25:21). Вардар во неколку наврати се обиде да ја намали негативата но, гостите успешно ја одржуваа оваа предност. Крајниот резултат гласеше 33:29.
Најефикасна од Ѓорче беше Анамарија Коларовска со пет погодоци, додека од Вардар Бојана Коцева постигна осум гола.
Шампионот Ѓорче Петров сезоната ја заврши со 25 победи и само еден нерешен резултат против Металург Автокоманда кој е втор на табелата.
Вардарки на крајот ќе бидат четврти, зад Чаир, а пред Куманово кој ќе биде петто рангиран.
Ивона Кимовска