Во ракометната плејоф Супер лига, попладнево ќе се одигра последниот натпревар од претпоследното коло.

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ракометарите на Вардар го пречекуваат четврто пласираниот Охрид.

Вардар во моментот заостанува пет бодови зад актуелниот првак и лидер на табелата Еурофарм Пелистер. Затоа, натпреварот е со императив на победа за вардарци, кои сеуште се надеваат дека можат до шампионскиот трофеј.

За тоа да се случи ќе треба да бидат исполнат три услови.

Првиот Вардар денеска и во последното коло, да слави победи над Охрид и Бутел. Воедно, црвено-црните ќе навиваат за Алкалоид да ги изненадат пелистерци во последната рунда и тоа на дуелот во Битола.

Охриѓани пак кои досега го немаат победено Вардар ќе играат за честа и да докажат дека не случајно се во ТОП четирите екипи во мак-ракометот.

Меѓусебниот дуел одигран во Охрид беше исполнет со неизвесниот и пресврт, а црвено-црните го добија во завршите десетина минути со 27-25.

Како ќе биде денешниот останува да видиме во мечот што ќе почне од 16 часот.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) Претпоследно 9.коло
сабота
ВАРДАР – ОХРИД 16:00 часот
петок
АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 27-21
четврток
СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24-35
ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ 29-25

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 38 бодови, Вардар 33 (-1 натпревар помалку), Алкалоид30, Охрид 26 (-1), Тиквеш 22, Бутел 10, Пролет 6, Струга 0.