Новата ракометна сезона во машката македонска Супер лига, стартуваше во петокот. Денеска ќе биде комплетирано премиерното коло со два натпревари, што ќе се играат во два термини.

Во првиот, од 18.30 часот, засилениот тим на Струга го пречекува кавадаречки Тиквеш.

Вториот од 18 часот, е дерби дуелот на 1.коло, а тој ќе се игра во СЦ „Билјанини Извори“. Таму ракометарите на Охрид ќе го пречекаат вицепрвакот Еурофарм Пелистер.

Ова ќе биде прва средба двата тима кои се конкуренти на Вардар, а заедно со Алкалоид за трофеите, не само во првенството туку и Купот. Иако изминатите години, бевме навикнати во летниот подготвителен период, Охрид и Е.Пелистер да играат меѓусебно, сепак годината тоа не беше случај. Битолчани предводени од новиот стратег Лино Червар, ги прескокнаа турнирите во Струга и Охрид. Затоа ракометната јавност беше ускратена од задоволството да ги види во меѓусебна пресметка овие екипи.

Но, правата можност е денеска од 19 часот, а напреварот Охрид – Е. Пелистер може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б