Екипите на Алколоид и Прилеп победнички ја почнаа новата сезона во машката ракометна Супер лига. Двата тима како домаќини забележаа убедливи победи во натпреварите од првото коло.
Во „братската“ пресметка во Автокоманда, составот на алкалоид ја потврди фаворитската улога против Мунти Есенс кого го совлада со 38-28.
Избраниците на Кирил Лазаров од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот и на полувреме имаа пет голови предност. Иако Лазаров постојано менуваше во тимот, неговите „пулени“ продолжија во ист ритам и во вториот дел. Крајниот ефект беше победата со 10 голови разлика. Најефикасен во победничкиот состав беше Дамјан Митев со девет гола.
Прилеп пред своите симпатизери го совлада Куманово со 38-31. И на овој натпревар текот на настаните се одвиваше како и на скопскиот. Никола Шипинкоски и Денис Шабановиќ беа најефикасни кај победникот со по седум гола. Кај Куманово, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Наум Костов со осум гола.
Првото коло ќе биде комплетирано утре со два натпревари, меѓи кои и дербито Охрид – Еурофарм Пелистер.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|
































