Првото од трите финалиња во европскиот клупски фудбал ќе се игра вечерва. Во Даблин, за трофејот во Лигата на Европа ќе се борат германскиот шампион Баер Леверкузен и италијанската Аталанта.
Баер на супериорен начин стигна до титулата во Бундес лигата, но и до ова финале. Избраниците на Чаби Алонсо од почетокот на годината до денес немаат ниту еден пораз.
Популарните „фармацевти“ ќе се обидат да стигнат до вториот трофеј сезонава, која може да ја крунисаат дури со три. Тие ќе играат и во финалето на Купот на Германија против Кајзерслатутерн веќе во сабота (25 мај).
Од друга страна, во Аталанта веруваат дека токму тие ќе успеат да го нанесат првиот пораз сезонава на Баер.
Свесни се избраниците на Гасперини, дека задачата нема да биде ни малку лесна, но веруваат дека традицијата може да ја продолжат. Имено, додека овие екипи имаат два меѓусебни дуели и тоа во истото натпреварување пред две сезони. Тогаш италијанскиот тим се радуваше на двата натпревари.
Ќе можат ли и по трета пат и тоа во своето прво европско финале, останува да видиме во дуелот ѓто ќе се игра на стадионот „Авива“, а ќе почне од 21 часот.