Кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром го освоија Купот на Македонија.
Иако дебитантки на завршниот турнир во Купот на Македонија, кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром го освоија трофејот наменет за победничките.
До првиот трофеј во кратката историја на женскиот колектив на МЗТ, аеродромки стигнаа со победата во финалето над Баскет Кам тим кој го бранеше трофејот од лани.
Предводени од американскиот тандем Оливија Ли со 27 поен и 6 сакови, односно Џои Симонс која имаше дабл-дабл со 24 поени и 12 скокови, аеродромки уште по првите две четвртини (23-10 и 17-18) создадоа убава предност. Во второто полувреме само ја одржуваа, за на крајот да слават со конечни 72-60.
За најдобра кошаркарка на турнирот очекувано е прогласена Американката, Симонс која го понесе признанието „МВП“.
Аеродромци ќе имаат можност да слават двојна круна. Машкиот колектив, актуелниот шампион МЗТ Скопје, важи за фаворит во финалето против Феникс кое почнува во 19:30 часот.
ФОТО ГАЛЕРИЈАТА ОД ФИНАЛНИОТ НАТПРЕВАР МОЖЕ ДА ЈА ВИДИТЕ ОВДЕ.