Ракометарите на Вардар ја постигнаа и втората победа во Супер лигата откако вечерва триумфираа на гостувањето во Охрид со 27:23 (15:12) во одлична атмосфера во СРЦ „Билјанини извори“.

„Црвено-црните“ имаа предност во речиси целиот тек на натпреварот.

Првиот дел мина во знакот на Вардар екипа која имаше предност. Вториот дел пред се беше далеку понеизвесен пред се благодарение на подобрата игра на домаќинот.

Охрид на почетокот на вториот дел намали на два разлика, предност која Вардар ја имаше во најголемиот дел од второто полувреме. Неизвесноста беше најавена во 54.минута кога Охрид намали на 22:23.

Сепак клучната одбрана во 58.минута ја имаше репрезентативецот на голот на Вардар, Томовски. Во следниот напад уште еден репрезентативец стапи на сцена и зголеми на 26:23. До крајот Вардар постигна уште еден гол на празна мрежа.

Талески со осум голови беше најефикасен на дуелот.