Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, со пораз го почна настапот во Европската Златна лига.
Во воведниот меч од првиот турнир чии средби се играат во Струмица, Македонија беше поразена во четири сета од Естонија со 1:3.
Во раната фаза од првиот сет Естонците создадоа шест поени предност (7-13). Црвено-жолтите не се предадоа и во финишот стигнаа до израмнување 23-23. Сепак немаа сили за комплетен пресврт, па противникот го доби сетот со 23-25.
Во вториот сосема поинаква слика. Македонските одбојкари одиграа на посакуваното ниво. Беа подобро во секој сегмент на играта. Оттаму дојде у убедливиот резултат 25-14 за израмнување на 1:1 во сетови.
Третиот сет налик на првиот. Естонците беа оние кои го диктираа темпото, за да го добијат сетот со 19-25 за водство од 1:2.
Голема битка се водеше за секој поен во третиот сет. Имавме ние предност од три поени 10-7. Водеа нашите одбојкари до 16-15, по што гостите со серија се одлепија на 16-19. Возвратија црвено-жолтите за ново водство со 20-19. Но, немаа доволно сили напите одбојкари да го приведат сетот во своја полза. Им припадна тој на противникот со 25-23 за конечни 3:1 во сетови за Естонците.
Утре ќе се игра вториот меч на овој турнир, а во него Естонија за противник ја има Чешка. Токму Чесите ќе бидат следниот противник на Македонија во недела од 20.15 часот.