Нема многу одмор за најдобрите македонски ракометари. Откако сениорската машка селекција, заслужено, си обезбеди место на Светското првенство, репрезентативците се враќаат на клупските обврски.

Веќе во четврток, започнува завршниот турнир т.н. „фајнал-фор“ во Купот на Македонија во двете конкуренции.

Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а од Ракометната федерација информираа за цената на картите. Дневниот билет за следење на два натпревари ќе чини 200 денари. Блок влезници ќе можат да се купат на денот на одржување на натпреварите, започнувајќи од 12 часот, преку билетарата на МК Тикетс пред спортскиот центар.

Годинава ќе има промена во одигрувањето на натпреварите. Така сега во еден ден ќе бидат одиграни по еден полуфинален дуел во женска и во машка конкуренција (четврток и петок). Финалните натпревари ќе се играат во недела.

Трофејот во женска конкуренција го бранат ракометарките на Куманово, а кај мажите Вардар.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ЗА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

16 мај – четврток
17:00 КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, жени, полуфинале
19:30 АЛКАЛОИД – ВАРДАР, мажи, полуфинале
17 мај – петок
17:00 ВАРДАР – ЧАИР, жени, полуфинале
19:30 ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, мажи, полуфинале
19 мај – недела
16:00 жени, ФИНАЛЕ
19:00 мажи, ФИНАЛЕ

СЕ ЗА РАКОМЕТНИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ