Денеска започна и разигрувањето во третото европско клупско натпреварување, Конференциска Лига, односно 1/16-финалната рунда.
Белградски Партизан гостуваше во Тираспол, Молдавија кај составот на Шериф кого го изненади и совлада со 1-0.
Првото полувреме започна со голема офанзива од Шериф, но на крај благодарение на интернационалецот од Зеленортската Република, Рикардо Гомез Партизан пстогна до водство од 1-0 во 45 минута.
Од 50-тата минута Партизан остана и со играч помалку. Откако Вујачиќ за остар старт, прво заработи жолт картон, главниот судијата ја промени одлука со помош на ВАР и му покажа директен црвен картон на „црно-белите“.
Партизановци одолеа на нападите и ја сочуваа минималната предност со кој ќе о дочекаат реваншот во Белград за седум дена 23 февруари) со шанси за пласман во осминафиналето.