Во Белград денеска се одржа 37-то издание на атлетскиот маратон на кое учествува 2.000 натперварувачи.

Победи Гилберт Киплинг Чумба од Етиопија. Тој маратонската делница од 42,195 км. ја истрча во време од 2:11.47, а потоа само падна. Заморот и силното темпо си го сторија своето па Чумба колабираше.

Лекарските екипи веднаш му укажале помош, а потоа го ставија на носилка и беше изнесен од патеката.