Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево ќе се играат сите натпревари од 29-тото коло. Водечкото трио на екипи што се борат за шампионскиот трофеј, ќе играат пред својата публика.

Шампионот и лидер на табелата Струга Трим Лум го пречекува петто рангираниот тим на табелата Силекс.

Дербито ќе се игра на Чаир каде вториот Шкупи ќе бара „одмазда“ за елиминацијата во полуфиналето на Купот во дуелот со Тиквеш. Во Тетово, ќе се игра соседското дерби меѓу Шкендија и Гостивар.

Интересно ќе биде и на останатите три натпревари во кои ќе играат екипите што грчевито се борат за опстанок.

Брера Струмица и Работнички се во нешто по поволна ситуација од останатите. Струмичани го пречукуваат Вардар, додека Работнички е домаќин на Македонија ЃП. Во Охрид, кај Воска спорт патува штипска Брегалница.

Бодовите за речиси сите екипи се императив, како во ова така и во преостанатите четири кола.

Сите денешни натпревари ќе почнат во терминот од 16 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА 29.КОЛО
Недела (16 часот)

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
ШКУПИ – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР
БРЕРА СТРУМИЦА – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore