Борусија Дортмунд потклекна пред Лајпциг во Бундеслигата. Со резултат од 1:4 „милионерите” загубија пред првиот полуфинален дуел против ПСЖ во Лигата на Шампионите.
Иако „Милионерите” го започна натпреварот добро, дури и поведоа во 20.та минута со голот на Санчо, се потоа тргна наопаку за нив. Лајпциг израмни на 1:1 во 23.та минута со голот на Лоис Опенда. До полувреме зголемија и на 2:1 со голот на Шешко во 47.та минута. Лајпциг не почека многу на стартот од второто полувреме и за 3:1 стрелаше во 46.та Симакан. Конечните 4:1 ги постави Баумгартнер во 80.та минута.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз не доби шанса за настап и остана на клупата за резерви.
Да не е Хари Кејн, Баерн Минхен сезонава ќе „потоне”. Германецот со своите два гола во 9.та и 61.та минута донесе „измачен” триумф над Франкфурт. Голот за Ајнтрахт го постигна Екитике. Баерн со тешка победа се спрема за полуфиналето во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид.
Лајпциг со оваа победа им избега на Борусија Дортмунд на 5 бода за местото кое води во Лигата на Шампионите. На 31 натпревар Лајпциг се 4-ти со 62 бода, а Борусија Дортмунд се петти со 57 бода.
Баерн Минхен пак по 11 години останува дефинитивно втор во Бундеслигата бидејќи минатото коло Баер Леверкузен ја осигура титулата. Со 69 бода на 31 одиграно коло Баерн Минхен се втори. Ајнтрахт е на 6-та позиција со 45 бода по 31 коло.