Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ одигра нерешено со Барнли 1:1, но продолжува да се бори за Европските натпреварувања следната сезона.

Одлично изведениот пенал на Зеки Амдуни во 87-та минута на гостинот му донесе важен бод во борбата за опстанок во Премиер лигата.

Контролата на натпреварот и поседот на топката беше на страна на Манчестер Јунајтед уште од самиот старт на натпреварот, но Барнли успеа да возврати со одлична игра во дефанзивата.

Сепак, во 79-тата минута по грешка во одбраната на гостите Ентони излезе во ситуација очи во очи со голманот на Барнли и успеа да реализира за водство од 1:0 на својот тим.

Кога се изгледаше дека е готово и „црвените ѓаволи“ требаше само да го „заклучат натпреварот“, дојде грешката на Андре Онана кој направи прекршок над противникот и беше досуден пенал за гостинот.

Ударот од белата точка прецизно го изведе Зеки Амдуни во 87-та минута за 1:1 со што му донесе важен бод на својот тим во борбата за опстанок.

Избраниците на Ерик Тен Хаг се наоѓаат на шестата позиција на табелата со 54 освоени бодови, шест помалку од Тотехнем кој има два натпревари помалку и само еден повеќе од Њукасл.