Младата македонска одбојкарка Елена Пандев која пред неодамна од родната Струмица замина во Италија во тим на Феникс Монополи, веднаш се наметна како лидер на оваа екипа.


Пандева, веќе три натпревари во низа е лидер на екипата, а на последниот против екипата на Аквавива таа беше најдобриот поентер во тимот.


Струмичанката во победата од 3:0 во сетови придонесе со 17 освоени поени, момент што не остана не забележан и од италијанските медиуми, па младата македонска одбојкарка го имаше и своето прво телевизиско интервју.


Како што информираат тамошните медиуми, таа веќе ја освојува и публиката не само со својот настап на теренот, туку и надвор од него.


Како што вели самата, таму е прифатена како да игра веќе со години за овој тим.

Следен предизвик за Елена и Феникс Монополи е екипата на Џиоја во сабота.
Им посакуваме успех.