Екипата на Арсенал се „лизна” против Астон Вила. На важен дуел „топчиите” изгубија од Астон Вила со 2:0 и тоа пред својата публика.
Во првото полувреме немаше многу возбудувања. Двете екипи не искористија шанси за водство и на пауза се замина со 0:0.
Во вториот дел Астон Вила ја сврте играта во своја полза. Најпрво Леон Бејли собра „отпадок” во 84.та минута за 1:0. На 2:0 зголеми Оли Воткинс во 87.та минута.
Арсенал сега е на втората позиција на табелата со 71 бод колку што има и трето пласираниот Ливерпул кој денеска претрпе неочекуван пораз. Тоа го искористи актуелниот шампион Манчестер Сити кој сега е лидер со 73 бодови.
Екипата на Астон Вила е зад водечкото трио на 4-то место со 63 бода.
Standings provided by Sofascore