Денес е денот за славје, денес е денот за историја, денес љубителите на Леверкузен ќе слават титула за прв пат по цели 119 години. Датумот 14.4.2024 ќе им остане во срцето на сите фанови на „фармацевтите“ бидејќи токму на овој датум историјата е испишана.

Баер Леверкузен во 29.коло од Бундес лигата го совлада Вердер со убедливи 5:0 на „Беј“ арената и математички стана шампион. Стрелци на головите беа Виктор Бонифејс, Гранит Џака и хет-трик на Флориан Вирц.

Ова беше 29-ти натпревар без пораз во германскиот шампионат за избраниците на Чаби Алонсо што е воедно и рекорд. Исто така тие немаат пораз во ниту едно друго натпреварување.

„Фармацевтите“ се пласираа во финалето на Купот на Германија, кое ќе го одиграат на 25 мај. Избраниците на Чаби Алонсо против Кајзерслаутен, ќе се обидат да стигнат до двојната круна.

Во Лигата на Европа тие го совладаа Вест Хем на домашен терен во четвртфиналниот дуел со 2:0 и во четврток ќе го одиграат реваншот.

Последниот трофеј на Баер Леверкузен е во далечната 1993 година во Купот на Германија против Херта Берлин со резултат 1:0.

Дали оваа генерација на Леверкузен и Алонсо ќе освои се што може сезонава и до кога тие ќе останат непобедливи останува да видиме.