Кошаркарите на Пелистер се пласираа во полуфинале на плејофот во Првата лига. Ова откако битолчани вечерва во Кавадарци го совладаа Еуро Никел со 79:69 и со чисто 3:0 ја добија полуфиналната серија.

Уште од самиот почеток гостите го контролираа резултатот со одредени осцилации во втората четвртина. Сепак пелистерци не му дозволија на Еуро Никел а се понадева на победа и продолжување на серијата.

Македонските репрезентативци Магдевски и Маслинко одиграа одлиен натпревар. Малку недостасуваше Магдевски да оствари трипл дабл, па на 18 поени и 10 скока застана на 8 асистенции. Маслинко реализира 18 поени и 9 скока, а Планиниќ имаше еден повеќе 19.

Така Пелистер закажа полуфинален дуел со Работнички кој претходно, исто така со 3-0 го елиминира Феникс. Предноста на домашните терен во серијата до три победи ќе ја имаат Скопјани. Натпреварите се играат по принципот 2-2-1 (дома-гости-дома).