Марко Кизиќ е најзаслужен што ракометарите на Еурофарм Пелистер останаа не поразени во дуелот со португалскиот претставник Агуаш Санташ.
На натпреварот од 9.коло од групата Д, одигран вечерва во Битола, Пелистер „ремизирање“ со Агуаш Санташ 27-27.
Иако пелистерци водеа со 7-4, сепак му дозволија на противникот на да направи серија до 4-1 и да стигне до израмнување (8-8). Во продолжението се играше гол за гол, па на крајот на првиот дел Пелистер замина со само еден гол предност 14-13.
Во вториот дел домаќините дури во 37-минута дојдоа до два гола разлика 17-15, но пелистерци откако пропуштија неколку напади за водство од три разлика, на португалскиот тим не само што му дозволија да се врати во игра, туку и тој да поведе со три (21-24).
Во самата завршница, со голот на Пешевски од седум метри, Пелистер стигна до израмнување 27-27, а на спротивната страна благодарение на одличниот голман Марко Кизиќ и неговата осмата интервенција му донесе бод на нашиот тим.
Во следното коло пелистерци ги очекува тешко гостување во Берлин кај лидерот на табелата Фуксе следниот вторник (21 февруари), откако во претстојниот викенд ќе треба да го одиграат дуелот со Алкалоид во 2.коло од плеј-оф лигата во домашното првенство.