Фудбалерите на Аталанта забележаа голема победа над Ливерпул во првиот четвртфинален дуел во Лигата на Европа.
Италијанскиот тим славеше со 3-0 на гостувањето на „Енфилд“ кај еден од најголемите фаворити за трофејот во ова натпреварување.
Џанлука Скамака кој ги постигна двата гола, е јунакот на тимот на Аталанта. Првиот гол го постигна во 38-та минута по одличната асистенција на Запакоста, за водство од 0-1.
Тоа беше актуелен резултат се до 61-та минута кога, без малку по идентична акција, но сега уфрлувањето на Кетелаере, Скамака втор пат ја затресе мрежата на домаќините.
Судбината на Ливерпул за запечати Хрватот, Марио Пашалиќ кој во 83.минута го постигна третиот гол за Аталанта.
Така тимот од Бергамо во реваншот закажан за следниот четврток ќе има огромна предност од три гола во дуелот пред својата публика.