По возбудувањата што ги донесоа четирите дуели во Лигата на шампионите, вечерва очекуваме интересни натпревари во во Лигата на Европа. На програмата се првите четвртфинални средби во второто по квалитет европско клупско натпреварување.
Италијанската пресметка меѓу Милан и Рома секако ќе биде во фокусот на вниманието. Милан втора сезона по ред ќе се обиде да стигне до полуфиналето на едно европско натпреварување. Минатата „росо-нерите“ го елиминираа Наполи и се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Сега на пат меѓу четирите најдобро, но во Лигата на Европа им стои Рома.
Ливерпул важи за најголем фаворит за освојување на трофејот во ова натпреварување. Прва во низата пречки е италијанската екипа на Аталанта. Тимот од Бергамо доаѓа на „Енфилд“ во многу добра форма и без притисок. Во Ливерпул ја паметат 2020-тата година и двата меча во групната фаза од Лигата на шампионите кога победија во Бергамо со 5:0 и загубија дома со 2:0.
На останатите два натпревари, во Леверкузен за идниот германски првак Баер гостува англискиот Вест Хем. Во Лисабон португалскиот шампион Бенфика го пречекува составот на Олимпик Марсеј.
ЛИГА НА ЕВРОПА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
МИЛАН – РОМА
ЛИВЕРПУЛ – АТАЛАНТА
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ВЕСТ ХЕМ
БЕНФИКА – ОЛИМПИК МАРСЕЈ
*сите натпревари почнуваат од 21 часот