Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни пет натпревари од 26-тото коло. Два порази е едно „реми“ е ефектот на водечкото трио на табелата на гостувањата кај тимовите од долниот дел на табелата.
Вардар со голот Дејан Ѓуриќ (73.минута) го совлада лидерот Струга ТЛ. Пораз претрпе и второ пласираниот Шкупи на гостувањето кај Брегалница во Штип. Тоа не го искористи тетовска Шкендија која во Ѓорче освои само бод против Македонија. Ремито меѓу Воска и Работнички го искористи Вардар кој сега е на осмото место на табелата.
ПРВА ЛИГА 26.КОЛО
недела
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л. 1-0
1-0 Дејан Ѓуриќ (73)
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – ШКЕНДИЈА 1-1
0-1 Красниќи (24)
1-1 Џилберто (35)
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 1-0
1-0 Ѓорѓиев (7)
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА 3-1
1-0 Малески (19)
1-1 Ристевски (33)
2-1 Луан Силва (35) пенал
3-1 Спахиу (68)
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 1-1
1-0 Марушиќ (20)
1-1 Стојановски (31)
сабота
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0