Единствената македонска претставничка во борење, на квалификацискиот оолимписки турнр во Баку, Вероника Рјабоволов го заврши својот настап.
Во категоријата до 53 кг. слободен стил, Рјабоволова забечежа победа и пораз.
Во првата рунда таа со 4-0 ја совлада домашната борачка Елнура Мамадова (Азербејџан).
Во четвртфиналето, Вероника загуби со техички туш (11-0) од европската шампионка Андреа Беатрис од Романија.
Надежта на македонското борење за Олимпијадата во Париз останува во машките борачи. Македонските репрезентативци според официјалниот распоред ќе настапат утре и тоа:
57 кг. Владимир Егоров – Илман Мухатаров (Франција)
74 кг. Расул Шапиев – Зураб Капраев (Романија)
97 кг. Магомедгаџи Нуров – Раду Лефтер (Молдавија)