Шампионот на Премиер лигата Манчестер Сити со победа „го отвори“ викенд колото во Премиер лигата. Тие на гостувањето во Лондон го совладаа Кристал Палас со 4:2, иако домашниот ја почна и ја заврши серијата голови. „Граѓаните“ со оваа победа се пробија на второто место на табелата зад Ливерпул, но со ист број бодови (70).

Со голот на Жак-Филип Матета во 3.минута Кристал Палас поведе со 1:0, но водството траеше само десет минути бидејќи Кевин Де Бриун изедначи на 1:1 со својот прв гол.

На стартот од вториот дел Манчестер Сити поведе со 2:1 преку Рико Луис во 47.минута. Ерлинг Халанд во 66.минута зголеми на 3:1, а вториот гол на дуелот Де Бриун го постигна во 70.минута за 4:1. Конечните 2:4 ги постави Одсоне Едуард во 86.минута.

Кристал Палас остана на 14.место со 30 бодови и продолжи неговата серија од пет натпревари без победа.