После долго време Скопје и Македонија се домаќини на едно големо пливачко натпреварување.

Во Скопје викендов (6 и 7 април) ќе се одржи „Купот на Мултинации“ за млади пливачи. На Купот учество ќе земат вкупно 203 пливачи од 16 земји.

Натпреварот ќе се одржи на Олимпискиот базен Центар и воедно преставува генерална проба за Европскиот олимписки фестивал, ќиј домаќин ќе биде Скопје во јули 2025 година.

Сите натпревари ќе може да ги следите (гледате) нив стриминг преносот на каналот на Македонскиот Олимписки Комитет – МОК ТВ (линк)

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ:
Миленковска Неда
Велкова Емилија
Анастасовска Сара
Ставреска Георгина
Неделковски Давид
Илиев Леонел
Селезенев Владимир
Алексовски Михаил
Велковски Никола
Калкус Андреј
Герасимовски Василиј
Јовановски Давид

Резултатите ВО ЖИВО може да ги следите овде (линк)