Екипата на Сампдорија, предводена од Српскиот стратег, Дејан Станковиќ успеа да одолее на нападите на Интер и да освои голем бод во борбата за опстанок.
Избраниците на Симоне Инзаги никако не можеа да го најдат патот до мрежата на вечерва фантастичниот голман, Емил Аудеро.Во натпревар во кој видовме повеќе од 30 шутеви кон головите, мрежите мируваа а резултатот остана оној почетниот, 0-0.
Со оваа реми, Интер само го зголеми минусот во однос на Наполи и пракитчно отпадна од борбата за ,,Скудето”, каде што неприкосновен лидер е Наполи, сега со 15 бода повеќе во однос на второпласираниот Интер.
Сампдорија пак со овој бод дојде до вкупно 11 оваа сезона, што е за 8 помлаку во однос на Специја, првиот тим надвор од зоната за испаѓање, и ги очекува грчевите борба за спас.