Фудбалерите на Болоња продолжуваат со одличните настапи во италијанскиот шампионат. Во дуелот од 30.коло на Серија А, Болоња пред своите симпатизери ја победи Салернитана со 3-0.

Со голот на Орсолини во 14-тата минута Болоња поведе со 1-0. Во финишот на првиот дел (44.минута) веќе ја удвои предноста. За тоа се погрижи Белгиецот, Алексис Салемакерс. И кога сите очекуваа дека со овој резултат ќе заврши натпреварот, во третата минута од судиското дополнение Локојанис ги постави конечните 3-0.

За Болоња ова беше осма победа на последните девет натпревари, во кои не успеа само да го совлада водечкиот Интер (0-1).

Со новите бодови и вкупно 57, Болоња е четврта, со само два бода помалку од трето пласираниот Јувентус. Убедливо прв е Интер со 76 бодови, дури 11 повеќе од второ пласираниот Милан. Тоа е и четворката на екипи кои повеќе од сигурно ќе ја преставуваат Италија следната сезона во Лигата на шампионите.

Денеска во Серија А ќе се одиграат уште четири натпревари:
15:00 КАЉАРИ – ВЕРОНА
15:00 САСУОЛО – УДИНЕЗЕ
18:00 ЛЕЧЕ – РОМА
20:45 ИНТЕР – ЕМПОЛИ