Фудбалскиот Куп на Македонија полека ја доживува својата кулминација. Утре и в среда на програмата се првите полуфинални натпревари.

Четирите екипи се со свои амбиции и планови, како до финалето, а потоа и до трофејот наменет за победникот.

ФФМ денеска ги објави имињата на арбитрите што ќе ја делат правдата на првите натпревари.

Така утре на стадионот во Чаир, каде Шкупи ќе го пречека Тиквеш, на центарот ќе се појави стружанецот, Јован Качевск.

Ден подоцна (среда) во Охрид ќе се игра вториот полуфинален натпревар во кој Крумислав Ѓоргиев од Штип, ќе ја дели правдата меѓу Воска спорт и Македонија Ѓорче Петров.

Двата натпревари ќе се играта во терминот од 15 часот.

Реванш дуелите се планирани за 17 април (15 часот), а финалето на програма е на 29 мај во Скопје.

Трофејот го брани екипата на Македонија Ѓорче Петров.