Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два квалификациски натпревари за Европското првенство 2024-та.
Остануваат два дуели против Литванија и Азербејџан, по кои треба да го потврдат својот пласман на континенталното првенство.
Селекторот Кристијан Грчевски утринава ја направи првата прозивка на ракометарките кои се најдоа на неговиот последен список, а кои попладнево ќе патуваат за Баку. ТАму на експедицијата ќе се приклучи капитенката Сара Ристовска.
Македонија е второ рангирана во групата зад Шпанија, а пред Литванија и Азербејџан.
На црвено-жолтите доволен ќе и биде и нерешен резултат на првиот меч против Азербејџан, доколку Шпанија ја потврди фаворитската улога и слави над Литванија.
Првиот натпревар Македонија ќе го играат во Баку, против Азербејџан на 3 април од 14 часот.
Пласманот на европското првенство, македонските ракометарки ќе може да го прослават со својата публика во дуелот со Литванија. Тој натпревар е закажан за 7 април од 18 часот, а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.