Со четирите натпревари одиграни попладнево, комплетирано е 25-тото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Лидерот на табелата и актуелен шампион Струга Трим Лум одигра 3-1 во „охридското дерби“ со Воска спорт. Головите беа постигнати во второто полувреме. Домаќините преку Ибраими од пенал (56.минута) и Хоган (60) поведоа со 2-0. Само три минути подоцна Марушиќ намали на 1-2. Конечните 3-1 за Струга ги постави Ибраими со својот втор гол (80).
Во Тетово, Шкендија лесно стигна до трите бодови ви дуелот со Брегалница која ја совлада со 4-1 . Уште во 6.минута Велија го отвори резултатот, а во 17-тата Адеми зголеми на 2-0. Во вториот дел односно 58.минута во листата на стрелци се запиша и Шаља , а Аганспахиќ (89) беше стрелец на четвртиот гол за тетовци. Почесниот погодок за гостите го постигна Селмани во 78-та минута.
И дуелот во Гостивар заврши со 4-1 но за гостинската екипа. Македонија ЃП поведе, во 14-тата минута преку Велкоски од пенал, за Гостивар да израмни, исто така од пенал, преку Кехинде во 30-тата. Сепак во 43-тата минута „лавовите“ повторно поведоа, а стрелец беше Стоилов. Во второто полувреме во листата на стрелци се запишаа Балотели (57) и Величковски (90+4) за конечни 4-1 за „лавовите“ од Ѓорче.
Во Струмица, Брера со пресврт го победи Работнички со 2-1. Гостите од Скопје поведоа во 13.минута со голот на Мазари од белата точка, а во 30-тата Урош Стамениќ израмни на 1-1. Домашниот состав пресвртот го направи во вториот дел кога Олаосебикан во 74.минута погоди за 2-1.
Сите голови од оваа коло може да ги гледате овде
ПРВА ЛИГА 25.КОЛО
недела
СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ 3-1
БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ 2-1
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-4
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 4-1
сабота
ШКУПИ – ВАРДАР 3-0
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-1