Дербито на 30-тото коло од англиската Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Арсенал заврши без голови.

Најважниот натпревар во трката за титулата заврши во полза на Ливерпул. Црвените по 30-тото коло остануваат на врвот на табелата, со два повеќе од Арсенал и 3 од Сити.

Натан Аке во 15-тата минута имаше одлична прилика за погодок. Тој од близина ја упати нафрлена топка од Де Брујне кон голот на Давид Раја, но тој прекрасно интервенираше и резултатот остана 0:0.

Иницијативата беше на страна на „граѓаните“ уште од самиот старт, а „топџиите“ чекаа на грешка и можност за контра напад.

Сепак на крајот и покрај големиот интензитет и одличната комбинаторика од страна на двете екипи резултатот остана 0:0.