Ливерпул на својот „Енфилд“ го совлада Брајтон со 2:1 и продолжува силно во „лудата“ борбата со Манчестер Сити и Арсенал за титулата во Премиер лигата.

По само 88 секунди игра, екипата на Брајтон успеа да постигне погодок и да дојде до водство од 1:0. Стрелец на прекрасниот погодок беше Дани Велбек кој со волеј-удар на работ од шестнаесетникот ја затресе мрежата на противникот.

Иницијативата на „црвените“ по примениот погодок донесе плод и во 27-та минута одличната реакција во противничкиот шестнаесетник на Луиз Диаз му донесе изедначување на Ливерпул.

Мохамед Салах во 65-тата минута конечно постигна погодок за 2:1, а прекрасната асистенција со „очи“ беше дело на Алексис Мекалистер. Имено, на Салах му беа потребни 10 удари за да дојде до гол на овој натпревар.

Интензивната игра од страна на двете екипи продолжи се до последниот свиреж на судијата, но без посериозни прилики натпреварот заврши 2:1.

Ливерпул со оваа победа останува на врвот на англиската Премиер лига со 67 бодови, три повеќе од Арсенал и 4 од Манчестер Сити, кои денес со почеток до 17:30 часот во меѓусебен дуел ќе ги одмерат силите на „Етихад“.