Фудбалската федерација на Македонија, попладнево излезе со кратко соопштение, во однос во истрагата која се спроведува за наместени натпревари во мак-фудбалот.
Соопштение на ФФ ви го пренесуваме интегрално:
„Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн.
Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел“.