Комплетирано 14 коло во Втората кошаркарска лига
Со трите натпревари одиграни денеска комплетирано е 14.коло во второлигашката конкуренција на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Екипата на Шкупи со победата над МЗТ Скопје У.Б. фаќа приклучок со останатите тимови кои се борат за позициите што носат пласман во плеј-офот.
По израмнетата прво полувреме кое домашните кошаркари го добија со три разлика (44-41), во вториот дел тимот на Шкупи заигра далеку поцврсто во одбрана па на противникот му дозволи да постигне само 15 поени, наспроти нивните 24. Предноста од +12 (68-56) на почетокот на последниот период се покажа и како решавачки па Шкупи со конечни 88-74, стигна до својата шеста победа со која влегува во трка за позициите што водат во разигрувањето.
Во неизвесен натпревар второ пласираната екипа на табелата штипските Соколи се радуваа на победа на гостувањето кај МКК Куманово со 73-69.
Екипата на Водно Санс ја забележа третата победа во низа, од продолжувањето на сезоната. „Сонцата“ го декласираа последно пласираниот тим на Црн Дрим со 56 поени разлика 104-48. Нанесувајќи им го на Стружани 14-тиот пораз во исто толку одиграни средби.
На вчера одиграните натпревари, очекувани победи забележаа екипите од врвот на табелата. Лидерот Вардар го совлада ГКК Охрид, Ангели славеа во дуелот со велешки Борец Баскет, а младиот состав на Работнички беше подобар од Баскет Кам на гостувањето во Каменица
Резултати од вчерашните натпревари:
БАСКЕТ КАМ – РАБОТНИЧКИ 2 79-83
ВАРДАР – ГКК ОХРИД 99-71
АНГЕЛИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 91-65
# | ТАБЕЛА | ОН | ПОБ | ПОР | +/- | БОД |
1 | ВАРДАР | 14 | 12 | 2 | 232 | 26 |
2 | СОКОЛИ | 14 | 10 | 4 | 64 | 24 |
3 | РАБОТНИЧКИ | 14 | 10 | 4 | 31 | 24 |
4 | АНГЕЛИ | 14 | 9 | 5 | 86 | 23 |
5 | ГКК ОХРИД | 14 | 8 | 6 | 6 | 22 |
6 | ВОДНО САНС | 14 | 7 | 7 | 62 | 21 |
7 | МКК КУМАНОВО | 14 | 7 | 7 | 44 | 21 |
8 | МЗТ СКОПЈЕ У.Б. | 14 | 6 | 8 | 37 | 20 |
9 | ШКУПИ | 14 | 6 | 8 | -42 | 20 |
10 | БОРЕЦ БАСКЕТ | 14 | 6 | 8 | -113 | 20 |
11 | БАСКЕТ КАМ | 14 | 3 | 11 | -88 | 17 |
12 | ЦРН ДРИМ | 14 | 0 | 14 | -319 | 13 |