Со одигрувањето на трите натпревари од 20.коло во Втората лига, огромен дел од работи се познати. До крајот остануваат уште две рунда, па поголемиот дел од позициите се веќе „запечатени“.
Ова откако Водно Санс денеска беше подобар од Мага баскет, а Тетекс загуби од Шкупи, додека Маџари славеше во Велес кај Борец. Претходно победи забележаа МКК Куманово над Соколи и МЗТ Скопје У.Б. против Работнички.
Така првите три позиции се „запечатени“, а Ангели, МЗТ Скопје се веднаш зад нив. Аеродромци имаат победа помалку од Ангели кои во оваа рунда беа слободни.
Голем чекор кон пласманот во првата „осумка“ и место во доигрувањето, стигнаа и кошаркарите на Водно Санс. Во дуелот со директниот со Мега баскет, славеа убедлив триумф (85:69), за скор (6-13) кој ги става на осмото место на табелата. Овој плус од 16 поени го става составот на Водно Санс во подобра ситуација во случај двете екипи да го завршат со ист број на бодови.
По очекуваниот пораз од Шкупи, екипата на Тетекс е со „една нога“ во Третата лига.
ВТОРА ЛИГА – 20.КОЛО
сабота
ТЕТЕКС – ШКУПИ 62:83
ВОДНО САНС – МЕГА БАСКЕТ 85:69
БОРЕЦ БАСКЕТ – МАЏАРИ 64:87
одиграно претходно
МКК КУМАНОВО – СОКОЛИ 85:62
РАБОТНИЧКИ 2018 – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 72:79
слободен Ангели
ТАБЕЛА: МКК Куманово 36, Шкупи 33, Маџари 33, Ангели 30, МЗТ Скопје У.Б. 30, Соколи 25, Борец баскет 25, Водно Санс 25, Мега Баскет 23, Работнички 2018 21, Тетекс 19.