Поранешниот фудбалер на Барселона, Дани Алвеш (40) ќе боде пуштен на условна слобода, иако неодамна беше осуден на 4,5 години затвор поради силување.
Како што пренесува шпанска „Марка“, Бразилецот кој помина повеќе од една година во притвор, ќе плати кауција од милион евра и ќе ги предаде двата пасоши (бразилскиот и шпанскиот) .
Бразилецот беше осуден на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во Барселона. Покрај затворската казна, на жртвата ќе и бидат исплатени 150.000 евра.
Одбраната на Алвеш поднесе жалба на пресудата на Судот во Барселона и побара ослободување до конечната пресуда.
Бидејќи Судот оцени дека нема ризик од бегство, донесена е одлука да се прифати неговото заминување.