Со двата натпревара одиграни вчера стартуваше Супер лигата во ракомет во борбата за шампионската титула. На двата дуела одиграни вчера победија гостите. Во населбата Бутел истоимената екипа немаше сили против еден од кандидатите за титулата Еурофарм Пелистер. Гостите остварија триумф од 27:23.
Во Битола пак Еурофарм Пелистер 2, немаше решение за Охрид. Гостите се радуваа на триумфот од 26:23.
Дербито на првото коло се игра попладнево од 19 часот во Кавадарци каде ГРК Тиквеш го пречекува тимот на Алкалоид. Последниот дуел од првата рунда на програмата е утре меѓу Вардар и Пролет, поради натпреварот на „вардарци“ во петокот од СЕХА лигата.
Воедно стартуваа и дуелите од Плеј Аут лигата: Вардар Неготино – Голден Арт 25:23, Јуниор Кисела Вода – Куманово 20:21 и Скопје 2020 – Струга 38:32. Денеска се игра дуелот Прилеп – Радовиш.