Милан и Рома е најинтересниот пар за четвртфиналната рунда во УЕФА Лигата на Европа.

Ждрепката одрана во Нион, посака италијанските ривали да се „судрат“ во следната, претпоследна рунда, пред големото финале.

Патот пак на ТОП фаворитот Ливерпул, до финалето во Даблин е „отворен“. Црвените до него треба прво да ја минат Аталанта, а потоа победникот од дуелот меѓу Бенфика и Олимпик Марсеј.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
МИЛАН – РОМА
ЛИВЕРПУЛ – АТАЛАНТА
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ВЕСТ ХЕМ
БЕНФИКА – ОЛИМПИК МАРСЕЈ

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 11-ти, а реванш дуелите на 18 април.

Можни двојки за полуфиналето
Бенфика / Олимпик Марсеј – Ливерпул / Аталанта
Милан / Рома – Баер Леверкузен / Вест Хем

Полуфиналните дуел се закажани за 2 и 9 мај, а финале ќе се игра на 22 мај во Даблин, Република Ирска.