Екипите на Јувентус и Аталанта одиграа без победник 2:2 во дербито од 28.коло на италијанската Серија А.
Натпреварот во Торино, изобилуваше со возбудувања, пресврти, а на крајот четирите постигнати гола, се чини беа премалку.
Гостите од Бергамо, го отворија резултатот со голот на Копмајнерс во 35.тата минута и на пауза заминаа со предност 0-1.
Јувентус ја анулира негативата во 66-тата минута кога погоди Камбијасо. Само четири минути подоцна (70) Малик „стрелаше“ прецизно за водство на Јуве од 2-1.
Но, радоста на домашните навивачи и фудбалери не траеше долго. Се играше 75-тата минута кога Холанѓанецот, Копмајнерс постигна уште еден гол овој за израмнување на 2-2. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот па двата тима освоија по еден бод.
Јувентус не успеа да се врати на втората позиција бидејчи сеја има бод помалку од Милан кој попладнево славеше над Емполи.
Аталанта со 47 бодови е шеста, а толку има и петто пласираниот тим на Рома.