Екипата на Микел Артета успеа да дојде до важен триумф во финишот од натпреварот против Брентфорд и победи со 2:1 на својот „Емирати“ во Лондон. Победоносниот погодок го постигна Каи Хаверц кој му донесе три бода на својот тим.
Арсенал дојде прв до водство уште во 19-тата минута кога Деклан Рајс биеше со глава за 1:0 на домаќинот. Во самиот финиш на првиот дел Јоан Виса по грешка на Арон Рамсдејл погоди за 1:1 и му ја врати надежта на Брентфорд.
Во второто полувреме Арсенал ја презема иницијативата и креираше огромен број на прилики пред голот на Марк Флекер, кој одлично ја бранеше својата мрежа.
Но, сепак казната дојде во 86-тата минута кога Каи Хаверц одлично се постави и погоди за 2:1 и победа на „топџиите“.
Арсенал со овој триумф, се изби на првата позиција на табелата со 64 бодови, еден повеќе од Ливерпул и два од Сити, кои утре во меѓусебниот натпревар ќе го одлучат првопласираниот по 28.коло од англиската Премиер лига.