Хорхе Мартин, по пол-позицијата стигна и до првата спринт победа во сезоната. 

Тој беше најбрз на спринтот за ГН на Катар и стигна до првите бодови. 

Мартин исто така го сруши рекордот на патеката во Катар со време од 1:50.789 минути. Мартин во Катар ја освои 14. пол-позоција во кариерата.

Втор беше Алеиш Епсаргаро од Априлија со 0,083 секунди зад Мартин, а трет Бастианини од Дукати. 

Следуваат Биндер од КТМ, шампионот Бањаја од Дукати и Марк Маркез на Гресини, а во топ 10 се најдоа и Џанантонио, дебитантот Акоста, Алекс Маркез и Вињалес на Априлија.

Трката за ГН на Катар на програмата е утре со почеток од 18 часот.