Актуелниот европски првак Манчестер Сити очекувано го мина Копенхаген и се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Откако на првиот осминафинален дуел славеа со 3:1, вечерва пред своите симпатизери во Манчестер фудбалерите на Пеп Гвардиола победија со 3:1.
Серијата ја отвори Мануел Аканџи уште во 5-тата минута по корнерот што го изведе Хулиан Алварез. Само четири минути подоцна Аргентинецот зголеми на 2:0. Данскиот тим не се откажа па во 29.минута по брзата контра преку Ељунуси намали на 1:2. До крајот на првиот дел (45+3) Халанд повторно ја врати разликата од два гола (3:1).
Второто полувреме не донесе промени на резултатот, па Сите со две идентични победи го елиминира Копенхаген.
Покрај Манчестер вечерва во четвртфиналето се пласира и Реал Мадрид, а вчера тоа го сторија Баерн Минхен и ПСЖ.
Останатите четири патници во четвртфиналето ќе ги дознаеме следниот вторник и среда (12 и 13 март).