Екипите на Атлетик Билбао и Барселона одиграа без голови 0:0, во дерби натпреварот од 27.коло на шпанската Примера.
Натпреварот на „Сан Мамеш“, мина лошо за gостите од Каталонија. Имено, двајца клучни фудбалери на Барса од средниот ред се здобија со повреди.
Прв настрада Холанѓанецот, Френик де Јонг. Во 26-тата минута при воздушен дуел со противнички играч, Де Јонг лошо доскокна и го свитка скочниот зглоб. Лекарскиот тим не можеше ништо да стори, освен да го повлече од игра.
До крајот на првото полувреме Чави остана и без Педри, кој поради повреда со солзи во очите го напушти теренот.
Јасно е и зошто дел од резултатите се лоши, не ќе да е само до Чави!
Сезонава Барселона има големи проблеми со повредени фудбалери. На листата на повредени се: Алонсо, Балде, Гави, Феран Торес. До неодамна на таа листа беа и голманот Терштеген и бекот Араухо.
Барселона за пет дена е го одигра дуелот со Мајорка во Ла Лига, по што на 12 март следува реваншот со Наполи во Лигата на шампионите.