Еден од натпреварите кои секако ќе останат во аналите на НБА лигата е дуелот одигран во Бостон.

Популарните „Селтикси“ го „прегазија“ тимот на Голден Стејт кој пред почетокот на сезоната имаше големи амбиции.

Бостон славеше убедливо со 52 поени разлика што е една од најголемите кош разлики на еден натпревар во НБА лигата. Конечниот резултат гласеше 140-88 за „Селтикси“.

Џејлен Браун со 29 и Џејсон Тејтум со два поени помалку беа најефикасните играчи во победничката екипа и на натпреварот.

Ова е третата најголема победа во историјата на „Селтикс“. Поголеми победи на Бостон беа со 133-77 во Чикаго против „Булс“ на 8 декември 2018 година и над гостувањето кај Сакраменто на 25 јануари 2022 година каде славеше со 128-75.

Инаку, рекордот во НБА лигата датира од 2 декември 2021 година кога Мемфис ја совлада Оклахома со 73 поени разлика 152-79.